Судијката на Врховниот суд во САД заврши во болница

Судијката на Врховниот суд на САД, Рут Бејдер Гинзбург беше префрлена во болница поради старите повреди од падот во нејзината канцеларија кога скрши три ребра.

Во официјалното соопштение на Врховниот суд, се наведува дека 85-годишната судијка била префрлена во болница во близина на Вашингтон, поради лекување, бидејќи во текот на ноќта не се чувствувала добро.

Нејзиниот внук, Даниел Стипмен, изјави дека Гинзбург била „надвор од креветот, работела и се шегувала“.

Тој беше на премиерата на новиот филм за почетоците на кариерата на Гинзбург и за Ројтерс изјави дека таа е одлично.

Во 2012 година, Гинзбург падна во својата канцеларија и скрши три ребра за време на падот. Таа два пати боледуваше и од рак, а во 2014 година и беше вграден и стент.

Таа се смета за еден од либералните судии, а на таа позиција беше поставена од страна на поранешниот претседател Бил Клинтон, кој ја назначи на позицијата пред 25 години.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари