Судар на автобус и камион во Бразил, осум мртви

Најмалку осум лица загинаа во судар на автобус со 43 патници и камион полн со ѓубриво, наведоа бразилските власти.

Сообраќајната полиција во сојузната држава Гојас соопшти дека 30 лица се повредени, а дека починатите биле во автобусот. Не e познатo дали некој од камионот е повреден.

Се истражуваат причините за несреќата.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари