Носењето на две заштитни маски една над друга или носењето хируршка маска која е добро прицврстена обезбедува подобра заштита од честички на коронавирус, покажуваат резултатите од студијата спроведена од американските здравствени власти.

Маската значително го намалува издишувањето на капките на заразено лице и ја намалува изложеноста на неинфицираните лица на овие честички, потсетуваат од Американскиот центар за третман и контрола на болести (ЦДЦ).

Сепак, платното и хируршките маски не се толку добри како маските КН95 (или ФФП2) и затоа обезбедуваат помала заштита, односно се зголемува опасноста од испуштање на такви капки од страничните рабови на маската.

Хируршката маска која не е добро зацврстена и платнената маска блокираат 42, односно 44,3 проценти од аеросолите за кашлица, но комбинацијата на двете маски се покажа како поефикасна и обезбедува заштита до 92,5 проценти.

„Тоа значи дека маските штитат и заштитуваат подобро кога се правилно поставени“, рече Рашел Валенски, директорка на ЦДЦ, презентирајќи ги резултатите.

makfax.com.mk