logo
logo
logo

СТРАШНА НЕСРЕЌА ВО ПОЛСКА, се преврте автобус! ВРИЕ ОД ПОВРЕДЕНИ И ЗАГИНАТИ

Vecer | 06.03.2021

СТРАШНА НЕСРЕЌА ВО ПОЛСКА, се преврте автобус! ВРИЕ ОД ПОВРЕДЕНИ И ЗАГИНАТИ

Доцна синоќа во југоисточна Полска се случила тешка сообраќајна несреќа во која шест лица го загубиле животот, а 34 се повредени. До несреќата дошло кога украински автобус кој превезувал патници од Познањ кон Украина слетал во канал.

Автобусот со украински регистарски таблички, со 57 патници и двајца возачи, околу полноќ, удрил во банкината на патот во близина на градот Пржемил, во југоисточна Полска, паднал во канал и се превртел.

Пет лица загинале на лице место, а шестото починало во текот на ноќта во болницата во Пржемил.

-Вкупно 34 лица се наоѓаат во болница, додека 18 на кои не им требаше болничко сместување се евакуирани во блиското училиште. Истрагата е завршена, но истрагата за причината на несреќата ќе потрае уште неколку часа, изјавија од локалната противпожарна единица за полското радио.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk