logo
logo
logo

Страотен пожар во тринаесеткатница во Тајван - животот го изгубија 25 луѓе

Vecer | 14.10.2021

Страотен пожар во тринаесеткатница во Тајван - животот го изгубија 25 луѓе

Најмалку 25 лица загинаа, а 55 се повредени во пожар во тринаесеткатница во јужен Тајван, пренесе AP..

Пожарот избувнал околу 3 часот наутро по локално време во Каосиунг, објавија пожарникарите, кои со часови се бореле со огнот.

Пламените јазици беа екстремно силни и уништија многу катови, велат пожарникарите кои не започнале со увид во зградата до попладнето, откако го изгаснале факелот. Извлекоа 55 повредени кои беа пренесени во болница.

Причината за пожарот се уште не е утврдена, но се наведува дека пламените јазици биле најсилни во делот каде имало куп ѓубре, а сведоците изјавиле дека околу 3 часот наутро, исто така, слушнале нешто што звучело како експлозија.

Патем, зградата е стара околу 40 години со бројни продавници на приземје и првите катови и станови над нив.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk