Стотици граѓани против десничарскиот марш планиран на 80-тата годишнина од Кристалната ноќ

Повеќе од илјада луѓе се очекува да присуствуваат на контрапротестот денест против крајно десничарскиот екстремистички марш планиран на 80-тата годишнина од погромот на Кристалната ноќ, пренесува „Локал“.

Маршот на националистичката група „Ние сме за Германија“ (Wir für Deutschland ) беше забранет од страна на Берлинската држава претходно оваа недела. Но, групата успешно ја обжали забраната и објави на својата фејсбук страницата дека маршот ќе се одржи. Антифашистичките групи ги повикаа луѓето да се приклучат на нивниот контрапротест вечер.

Групата, која вели дека се бори за германската култура и идентитет, сака да одржи „марш на тагата за жртвите на политиката” низ центарот на Берлин. Организаторот изјави дека маршот ќе се одржи за луѓете кои починале додека се обидувале да го преминат Берлинскиот ѕид. Но, противниците велат дека протестот е провокација и е несоодветен во време на сеќавање на еврејскиот народ.

Портпаролот на „Берлин против нацистите“ (Berlin gegen Nazis), проект кој делува против десничарскиот екстремизам и расизам, изјави за Локал:

„Се организира масовен контрапротест од различни иницијативи и групи за да ѝ се спротивставиме на оваа десничарска екстремистичка група. Намерна провокација што сакаат да маршираат на 9-ти ноември, на 80-тата годишнина од погромската ноќ. На овој ден се сеќаваме на еврејските жртви на Холокаустот “.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари