Столтенберг и Ердоган на тајна средба, зад затворени врати, во Анкара

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, разговараа денеска во Анкара, соопштија од кабинетот на турскиот претседател. Состанокот бил одржан зад затворени врати и траел околу еден час, а ниту една страна не издаде соопштение за што се разговарало на средбата.

Претходно, Столтенберг одржа состанок со турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу и со министерот за национална безбедност Нуретин Чаникли, а меѓу главните теми на разговор биле подготовките за претстојниот самит на НАТО во Брисел што ќе се одржи на 11 и 12 јуни.

Столтенберг во интервјуа за турските медиуми ја истакнал важноста на Турција во Алијансата, но нагласил дека одлуката за набавка на руски С-400 системи била самостојна одлука на Анкара.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари