logo
logo
logo

Ставиле ПОГРЕБЕН КРСТ НА СРЕД ПАТ оти не им ги крпеле дупките

Vecer | 18.03.2021

Ставиле ПОГРЕБЕН КРСТ НА СРЕД ПАТ оти не им ги крпеле дупките

Како во Македонија така и по светот има дупки по патот кои никогаш на властите не им текнува да ги санираат па граѓани на разни начини се обидуваат да ги испровоцираат властите за го забележат проблемот.

Така жителите на селото Немешајево, недалеку од Киев, биле шокирани од глетката на голем погребен крст кој бил ставен на сред пат, пишува украинска страна.

На овој начин, непознати сторители одлучиле да го свртат вниманието на локалните власти кон огромна дупка што никој не ја санирла веќе еден месец.

Крстот од скоро два метри стоел неколку часа, а покрај него имало и цвеќиња, јавуваат очевидци.

Комуналните услуги што ги одржуваат улиците потоа го демонтирале крстот но според информациите дупката сè уште не е закрпена.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk