Портпаролот на Стармер, кој ја презеде функцијата пред неколку недели, денеска потврди дека премиерот одлучил да не прави пауза, објави „Политико“.
Наместо тоа, Стармер ќе „работи помеѓу Даунинг Стрит и Чекерс“ оваа недела, рече портпаролот. Checkers е селска куќа со која располага премиерот на Велика Британија во близина на селото Елсборо, 40 милји северозападно од Лондон.
„Премиерот не е единствениот. За време на викендот поради нередите многумина решија да не отсуствуваат за да бидеме сигурни дека можеме да реагираме“, додаде портпаролот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата