logo
logo
logo

Српски доктори за најтешките последици од Ковид-19: ампутирани нозе, уништени бели дробови, инфаркт

Vecer | 17.02.2021

Српски доктори за најтешките последици од Ковид-19: ампутирани нозе, уништени бели дробови, инфаркт


Српските лекари зборуваат за најлошите последици од коронавирусот: ампутирани нозе, уништени бели дробови, срцев удар.

Директорот на ковид-болницата во Батајница, д-р Татјајна Аџиќ-Вукичевиќ, вели дека клиничките слики на пациентите стануваат сè потешки и дека кај одреден процент морало да дојде до ампутација на екстремитетите.

„Забележавме дека, по отворањето на болницата, меѓу пациентите две третини се мажи, а сега имаме половина мажи и половина жени. Клиничките слики се сè потешки во однос на развој на акутна тромбоза или венски или артериски систем, што кај значителен број пациенти резултираа со ампутација на екстремитетите“, посочи д-р Аџиќ-Вукичевиќ, пишува „Блиц“.

Весникот понатаму наведува дека ова не е прв ваков случај и потсетува дека и порано имало слични ситуации. Според статистичките податоци, речиси една третина од пациентите со Ковид-19 имаат проблеми со згрутчување на крвта, што значително претставува процент на смртност кај пациентите. На почетокот на оваа година во истата болница, со 15 дена разлика, дури двајца пациенти морале да бидат ампутирани.

Ова се должи на блокадата на крвните садови, што во поопасни случаи може да заврши со отстранување на екстремитетите. Во не толку ретки ситуации коагулацијата може да биде многу поопасна од пневмонијата.

Покрај овие најекстремни случаи, во кои на пациентите им се отстрануваат екстремитетите, респираторните органи се најпогодени од коронавирусот. Неодамна во медиумите беше објавен случај на целосно здрава 40-годишна личност, чии бели дробови беа практично уништени, изјави д-р Славица Плавчиќ за „Блиц“ .

Фактот дека некои од најтешките последици беа предизвикани кај млади луѓе, кои беа целосно здрави, само неколку дена пред првите симптоми на вирусот, звучи застрашувачки. Кон крајот на минатата година 21-годишно момче почина во болницата „Батајница“, кое немаше никакви придружни болести, но беше дебело, што, според директорката на болницата, е многу важен фактор.

Некои од тешките последици што ги остави овој суров вирус се оние од кардиоваскуларен карактер. Отежнато дишење, болка во градите, чувство на пулс или прескокнување на отчукувањата на срцето, тежок физички замор, оток на нозете, се само некои од симптомите. Да бидат работите уште полоши, имаме дефицит со јасни научни објаснувања зошто е тоа така. Здравствените работници честопати се среќаваат со сосема нови симптоми, со кои треба да се справат ад хок.

„Загрижувачки се податоците за тромбогениот ефект на инфекција со Ковид-19, каде што се споменуваат тромбоемболиски компликации, кои, за жал, вклучуваат миокарден инфаркт, дури и кај помлади пациенти. Сите овие податоци недвосмислено потврдуваат дека Ковид-19 е сериозно заболување на белите дробови, но исто така и на срцето, и во таа смисла треба да се води во третманот и последователното следење на пациентите“, предупредува Вукичевиќ.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk