logo
logo
logo

Среќник во Британија освои 68 милиони евра на лото

Vecer | 22.04.2021

Среќник во Британија освои 68 милиони евра на лото


Непознат Британец освоил 59 милиони фунти на наградната игра „Јуромилионс џекпот“, што е повеќе од 68 милиони евра.

Среќниот играч, на ливчето ја погодил добитната комбинација на 20 април и освоил 59.041.812 фунти.

Процесот за верификација на ливчето е во тек, но не е познато кој е победникот, ниту е познато каде е купен тикетот.

Енди Картер, висок советник во Националната лотарија на Велика Британија, вели дека тоа е одлична вест за среќниот играч кој успеал да го добие неверојатниот џекпот, објави весникот „Сан“.

„Сега ќе се фокусираме на поддршка на добитникот и ќе му помогнеме да започне да живее нов живот“, рече Картер.

Ова е веќе трет добитник на „Јуромилионс џекпот“ во Велика Британија годинава.

На почетокот на месецот, друг среќен добитник доби неверојатни 122,5 милиони фунти (141,5 милиони евра), што е петта најголема награда во историјата на Националната лотарија.

На првиот ден од Новата година, друг играч собра околу 45 милиони евра.

Нивните имиња не се објавени.

Меѓу ретките кои се согласија да им бидат објавени имињата се Колин и Крис Вир, од градот Ларгс во Шкотска, кои освоија скоро 187 милиони евра во јули 2011 година.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk