logo
logo
logo

Средношколец уби тројца соученици

Vecer | 01.12.2021

Средношколец уби тројца соученици

15-годишник смртно застрела тројца соученици и рани осум други, откако кон нив отвори оган со полуавтоматска пушка. 16-годишно момче, 17-годишно и 14-годишно девојче се убиени на лице место откако сега осомничениот соученик испукал 20тина истрели.

По масакрот на социјалните мрежи стана вирално видео на кое се гледа како преплашените ученици се кријат од напаѓачот во заклучена училница, додека наводно малолетниот убиец се обидува да ги прелаже да му ја отворат вратата.

Да, од канцеларијата на шерифот, можете да излезете!

 – Вели да излеземе...Не сме подготвени да го преземеме тој ризик во моментот!

Не ве слушам!!

- Не сме подготвени да го преземеме тој ризик во моментот!

Отвори, ајде отвори ја вратата брат!!

Рече БРАТ, тој рече брат... црвени знамиња!!!

Младиот убиец бил уапсен пет минути по добивањето на првиот итен повик до полицијата и одбивал да зборува со полициските лица. Шефот на полицијата во округот рече дека е згрозен од трагичната ситуација, а  Американските власти изразија разочарување за зачестените немисли настани кои се повторуваат,особено помеѓу помладата популација

„Не правеше проблеми, веднаш го предаде оружјето, тоа беше автоматска пушка од неа беа испукани неколку истрели.“Мајкл Меккејб, Шеф на полиција.

-Неопислива трагедија. Сакав да бидам овде бидејќи ова е важен момент да се поддржиме меѓу себе и да дадеме поддршка за заедницата. Мислам дека ова е најлошиот кошмар на секој родител.Гретчен Витмер, Гувернер на Мичиген.

.Истражните органи соопштија дека осомничениот само побарал адвокат, без да даде било какво објаснување за мотивот за масакрот во училиштето..

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk