logo
logo
logo

Сред војна УКРАИНА СТАНА КАНДИДАТ ЗА ЧЛЕН НА ЕУ, заедно со Молдавија

Vecer | 23.06.2022

Сред војна УКРАИНА СТАНА КАНДИДАТ ЗА ЧЛЕН НА ЕУ, заедно со Молдавија

Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на Европската унија, Жозеп Борел денеска изјави дека Украина, Молдавија и Грузија ќе добијат кандидатски статус на самитот на Европскиот совет во Брисел.

„Украина и Молдавија ќе добијат статус на кандидати, имајќи предвид дека има некои услови кои мора да се исполнат. А за Грузија тоа е јасен пат кон Европската унија“, објави Борел на својот Твитер профил.

Тој додаде дека на состанокот ќе се разговара за „последиците од руската војна против Украина и за натамошната поддршка за Украина“. „Многу сме загрижени за последиците од војната врз цените на храната и недостигот. Се плашиме дека Русија се обидува да предизвика глад во многу земји зависни од пченицата и да го блокира извозот на украинското жито“, рече високиот претставник.

Лидерите на ЕУ на самитот во Брисел по неколкучасовна дебата одлучија да ги поддржат препораките на Европската комисија за доделување кандидатски статус на Украина и Молдавија, објави на Твитер претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

„Тоа е историски момент. Ова е клучна етапа на вашиот пат кон ЕУ. Честитки до Володимир Зеленски и Маја Санд, како и до народот на Украина и Молдавија. Имаме заедничка иднина“, изјави Мишел.

И претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, упати честитки до лидерите на Украина, Молдавија, но и Грузија која доби европска перспектива.

Вашите земји се дел од европското семејство, а денешната одлука на лидерот го потврдува тоа“, напиша Лајен на Твитер.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk