logo
logo
logo

Србин во Јагуар дивеел по улиците на Виена, па „покосил“ семејство од Романија

Vecer | 01.10.2024

Србин во Јагуар дивеел по улиците на Виена, па „покосил“ семејство од Романија

За време на дивеењето, Србинот имал неколку сообраќајни несреќи, а при апсењето немал возачка дозвола, а возел и под лажни регистарски таблички.

Тој се товари за убиство во обид, пренесе Телеграф.

Србинот, кого го брани познатиот адвокат Руди Мајер, во декември минатата година со брзина од 120 километри на час преминал на спротивната лента и удрил во автомобил на семејство од Романија.

На судењето кое се одржал вчера сведочел и таткото на семејството.

"Тој ден отидов на божиќниот саем со моето семејство. Одеднаш видов светла и се сеќавам само дека се активираа воздушните перничиња. Сигурно возеше со над 100 на час, среќа е што преживеавме", рекол Романецот.

Потоа рекол дека сѐ се случило брзо и дека немал време да реагира.

"Се здобив со повреди на ребрата и зглобот. Имав болки со месеци. Бев среќен кога успеав да се измијам по долго време", рекол тој.

Како се случило сѐ, раскажала и неговата сопруга, а за тоа време обвинетиот Србин немо ги гледал од клупата.

Судскиот процес за убиство во обид ќе продолжи и во наредните денови.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk