logo
logo
logo

Србија и’ подари на Чешка 100.000 дози од „Фајзер“

Vecer | 31.05.2021

Србија и’ подари на Чешка 100.000 дози од „Фајзер“


Србија испрати донација од 100.000 дози од вакцината на компанијата „Фајзер“ против Ковид-19 во Чешка.

Вакцините беа ветени од страна на српскиот претседател, Александар Вучиќ, за време на неговата посета во Прага кон средината на мај.

„Чешкиот воен авион штотуку презеде 100.620 дози вакцини на компанијата „Фајзер“ во Белград, кои ни ги дава Србија. Рекордно брза операција. Можеби се сеќавате: Вучиќ беше тука на 19 мај, и за само 12 дена успеавме да ја завршиме работата, вклучувајќи ја и дозволата на ‘Фајзер’“, објави чешкиот премиер Андреј Бабиш на „Твитер“.

Се очекува испораката да ја забрза вакцинацијата во Чешка, што сега е од интерес заради летните одмори и олеснувањето на рестриктивните мерки, додека епидемијата се смирува со само неколку стотици нови потврдени случаи на ден.

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, изјави при испраќањето на пратката дека станува збор за хуман и солидарен гест на Србија, која досега им дала 102.190 вакцини на своите соседи и објави дека Србија се подготвува да испрати уште 10.000 дози вакцини во Црна Гора, Сараевскиот кантон и Република Српска.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk