logo
logo
logo

Спутник Лајт - нова вакцина од Русија, се дава во една доза

Vecer | 06.05.2021

Спутник Лајт - нова вакцина од Русија, се дава во една доза

Нова еднокомпонента вакцина против Корона вирусот со назив „Спутник Лајт“ е регистрирана во Русија соопштија од „Министерството за здравство на Русија, Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“ и „РФПИ“. Ефикасноста на вакцината изнесува 79,4%, а оваа стапка ја надминува ефикасноста на многу вакцини од две дози“, стои во соопштението.

Прецизирано е дека проценката на ефикасноста е извршена врз основа на податоците на лицата кои примиле само една доза во рамките на програмата на масовна вакцинација и кои од било која друга причина не добиле втора доза во периодот од 5-ти декември 2020-та година до 15-ти април 2021-ва година.

Според лабораториските истражувања на центарот „Гамалеја“, вакцината „Спутник Лајт“ е ефикасна против сите нови мутации на коронавирусот, се додава во соопштението на Фондот.

„Не се регистрирани сериозни несакани реакции по имунизацијата со вакцината. „Спутник Лајт“ не бара специјални услови за чување и логистика, а цената е пристапна – помалку од 10 долари“, се прецизира во соопштението.

Примената на вакцина со една доза овозможува за кратко време да се вакцинираат голем број на луѓе. Од рускиот Фонд известија дека вакцината „Спутник В“ ширум светот ја примиле повеќе од 20 милиони луѓе до 5-ти мај.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk