"Спектејтор": Американци, заборавете на Русија, вистинска закана е Кина!

Голем вештачки архипелаг кој Кина го изгради во Јужното кинеско море, опремен е со разно оружје

Додека американските медиуми брујат за "руско мешање", Кина систематски ја шири својата мрежа на влијание, пишува листот "Спектејтор". Како што е наведено во текстот, претставниците на амреиканската политичка елита не ја гедаат оваа сестрана закана која доаѓа од Пекинг, која во суштина е вистинска опасност.

Во повеќе случаи важноста на соопштенијата за руското мешање во претседателските избори во САД е предимензионирана, пишува новинарот Роџер Кимбол во својот текст.

"Заборавете на Русија – За САД вистинска закана претставува Кина", наведува авторот.

Во приказната за завера на Русија и Доналд Трамп поврзани се два иронични моменти, укажува авторот. Како прво, во овој момент позната е само една завера со Москва, во која, како се докажало, замешан е изборниот штаб на Хилари Клинтон, а не на Доналд Трамп.

Имено нејзиниот тим и Националниот комитет на Демократската партија тајно платила за фамозниот "Стил досие", збирштина од нечисти сплетки кој ги собрал бивш британски шпион Кристофер Стил од куп "неименувани извори, блиски на Кремљ".

За оваа истрага бил задолжен ФБИ, кој добил тајна судка дозвола да ги следи луѓето кои биле во штабот на Трамп. Со други зборови, предизборниот штаб на Клинтонови посредно сковале завера со руски извор – во почетокот за да влијае на изборите, а потоа, кога тоа пропаднало, да ги дискредитира опонентите на демократите.

Втор ироничен момент, напоменува авторот, е во тоа што, додека медиумите брујат за Русија, Кина систематски ја шири својата мрежа на влијание и власт.

Голем вештачки архипелаг кој Кина го изгради во Јужното кинеско море, опремен е со разно оружје, со цел Кина да ги прошири своите територијални претензии и себеси да обезбеди хегемонија во тој дел на светот.

Нема ден без вести за воено-технолошките успеси на Кина. Еден познат сајт посветен на технологии неодамна предупредил дека владеење на Кина во свера на воена технологија е веќе гарантирана.
Кина, притоа стана експерт за користење на "мека моќ". На американските универзитети се појавиле институти Конфучи – културни центри кои ги спонзорира кинеската влада, наведува авторот.

"Тие не се само потенцијални средишта за шпиони туку и полуга на кинеската влада, насочена да промовира политика за кинеската власт", смета авторот.

Роџер Кимбол во заклучокот наведува: "Коректната политичка елита во Америка вриска по повод руското мешање. Во меѓувреме, над хоризонтот на нивната свест се формира посериозна, многустрана закана.

Кога еднаш ќе се разбудете?

Поврзани

Најнови вести

Коментари