logo
logo
logo

Спектакл каков не е виден со децении: Нова ерупција на Етна (ВИДЕО)

Vecer | 24.02.2021

Спектакл каков не е виден со децении: Нова ерупција на Етна (ВИДЕО)

Вулканот Етна во Италија повторно еруптира. Новите ерупции почнаа порано оваа недела, а вулканот со денови исфрла облаци чад и пепел во воздухот.

Лавата која Етна ја исхри надмина висина од 1.500 метри, пишува Гардијан.

Етна е најактивниот европски вулкан, а вчерашната ерупција многумина ја опишаа како една од најспектакуларните во последните неколку децении. Последната голема ерупција беше во 1992 година.

https://www.youtube.com/watch?v=xKF13sNJqvc&feature=emb_title

Ерупцијата на Етна ретко предизвикува голема материјална штета или човечки жртви пишува Би-би-си, па локалните власти не очекуваат дека вчерашната ерупција ќе предизвика поголеми проблеми.

„Ова сигурно беше една од најспектакуларните ерупции последните децении“, рече Борис Бенке, вулканолог од Националниот институт за геофизика.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk