logo
logo
logo

СПАСУВАЧКИ ЕКИПИ СЕ НА ТЕРЕН: Серија земјотреси во Иран во близина на нуклеарната електрана, луѓето исплашени излегле на улици во страв од нов потрес

Vecer | 18.04.2021

СПАСУВАЧКИ ЕКИПИ СЕ НА ТЕРЕН: Серија земјотреси во Иран во близина на нуклеарната електрана, луѓето исплашени излегле на улици во страв од нов потрес

Земјотрес со јачина од 5,9 степени по Рихтер ја погодил денес јужната иранска провинција Бушер, каде што се наоѓа нуклеарната електрана, јавува Ројтерс повикувајќи се на иранската државна телевизија.

ЕМСЦ јавил за повеќе потреси кои го погодиле тоа подрачје во краток временски период. Засега нема извештај за жртви, ни материјална штета. Владин функционер а Ројтерс рекол дека нема информација за штета во нуклеарниот комплекс.

Спасувачките екиипи и 50 амбулантни возила се испратени на местото на земјотресот, каде што струјата е исклучена а телефонските врски и интернет се во прекин. Луѓето се излезени на улици поради страв од нови потреси, пренел Ројтерс од извештајот на полу официјалната новинска агенција Тасним.

Епицентарот бил на 100 километри далеку од нуклеарната постројка, а иранските медиуми навеле дека забележани се уште шест дополнителни потреси, покажувајќи фотографии на срушени ѕидови во некои села.

Се наведува дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од десет километри.

Иран е еден од најчеасто погодените држави во свет од земјотреси.

Пред 18 години, земјотрес со магнитуда од 6,6, степени во Керман усмртил 31.000 луѓе и го срамнил градот Бам.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk