logo
logo
logo

Лондон

Спајдермен тепал продавачка во супермаркет! Хорор сцена, има повредени!

Vecer | 26.07.2021

Спајдермен тепал продавачка во супермаркет! Хорор сцена, има повредени!

Пет лица се уапсени откако во четвртокот вечерта бил нападнат персоналот на еден лондонски супермаркет од страна на маскирани лица, од кои едно било во костимот на Спајдермен.

На видеото од надзорните камери се гледа како Спајдермен удира една вработена, и тоа прво во лицето, а потоа и со нога, а тепа и други вработени и купувачи со метален предмет.

После инцидентот една жена била префрлена во болница, а на уште пет други им била пружена помош од итната медицинска помош која дошла на местото.

Портпаролот на полицијата соопштил дека 31-годишник е упасен заради сомнение дека нанел тешки и лесни телесни повреди, заради насилство и предизвикување паника, додека уште двајца мажи на возраст од 37 и 35 години се уапсени заради сомнение за напад и предизвикување насилство.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk