logo
logo
logo

Советот за човекови права на ОН покренува истрага за злосторства во Газа

Vecer | 27.05.2021

Советот за човекови права на ОН покренува истрага за злосторства во Газа


Советот за човекови права на ОН одлучи да започне меѓународна истрага за злосторства извршени за време на 11-дневниот конфликт меѓу Израел и Хамас.

Со 24 гласа „за“, 9 „против“ и 14 воздржани, Советот за човекови права на ОН кој има вкупно 47 члена, ја усвои резолуцијата предложена од Организацијата за исламска соработка (ОИЦ) и палестинската делегација во Обединетите нации.

„Нацрт-резолуцијата е прифатена“, рече Назхат Шамим Кан, амбасадорка на Фиџи, која во моментов претседава со Советот за човекови права на ОН, со седиште во Женева.

Израел ја отфрли одлуката на Советот на ОН да започне истрага, што пак беше поздравена од страна на Хамас.

Израелското Министерство за надворешни работи објави дека Израел нема да соработува во истрагата и истата ја оцени како обид за прикривање на злосторствата извршени од терористичката организација Хамас.

Портпаролот на Хамас ги нарече акциите на палестинската милитантна група легитимен отпор и повика на итно преземање чекори за казнување на Израел.

САД соопштија дека длабоко жалат за одлуката на Советот за човекови права.

„Денешната одлука се заканува да го загрози постигнатиот напредок“, се вели во соопштението на американската делегација во Женева.

САД имаат статус на преговарач во Советот и немаат право на глас и не се обратија на специјалната седница на Советот за човекови права на ОН, одржана на барање на муслиманските држави кои побараа од форумот да се формира комисија за истражување на можни злосторства и утврдување на командна одговорност.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk