Советот за безбедност на ОН зад затворени врати ќе ја разгледува ситуацијата во Јемен

Советот за безбедност на ОН вечрва ќе одржи состанок зад затворени врати посветен на ситуацијата во Јемен, објавија дипломатски извори.

Во Јемен, во најновиот напад на арапската коалиција загинаа повеќе од 50 лица, од кои 29 деца.

Состанокот ќе се одржи на барање на Боливија, Холандија, Перу, Полска и Шведска, земји кои не се постојани членки на Советот.

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија од 26 март 2015 година ги бомбардира позициите на шиитските бунтовници од племето Хути. Оваа коалиција го поддржува претседателот на Јемен, Абд Рабо Мансур ел Хади, кој со заострувањето на конфликтот беше принуден да побегне од земјата.

Во Јемен во граѓанската војна од март 2015 година загинаа 10 000 луѓе, а неколку десетици илјади се повредени. Вооружениот конфликт предизвика 2,5 милиони луѓе да побегнат од своите домови.

Јемен, кој исто така е погоден и од тешка хуманитарна криза, важи за една од најсиромашните земји на Блискиот Исток.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари