logo
logo
logo

Советник на Зеленски: Битката за два важни града се наближува до ужасен крај

Vecer | 23.06.2022

Советник на Зеленски: Битката за два важни града се наближува до ужасен крај

Имено, Русите со недели со жестоки напади се обидуваат да ги освојат Северодоњецк и Лисичанск, последните два преостанати града под контрола на Украина во областа Луганск. Борбите се претворија во крвава војна, при што двете страни претрпеа големи загуби. Но, руските сили постигнаа значителен напредок во последните две недели.

„Битката влегува во еден вид страшен крај“, изјави Арестович во интервју.

Серхи Хајдаи, гувернерот на Украина во Луганск, утринава изјави дека „руските сили напредуваат успешно“, додавајќи дека Русите го освоиле Лоскутивка, село јужно од Лисичанск и се заканиле дека целосно ќе ги опколат украинските бранители.

Што се однесува до Северодоњецк, се верува дека руските сили го контролираат речиси целиот град. Единствен исклучок е хемиската фабрика за азот, во која се кријат стотици цивили и украински бранители.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk