Состанок на Советот за безбедност на ОН – се стравува од можноста за голема хуманитарна катастрофа

Советот за безбедност ќе одржи нов состанок со цел повторно да се разговара за состојбата во сириската провинција Идлиб, каде што ОН стравува од најлошата хуманитарна катастрофа на векот, доколку режимот од Дамаск го нападе последното големо упориште на бунтовниците.

Средбата е закажана за 17 часот во седиштето на ОН. Овој пат истата е побарана од Русија која треба да поднесе извештај во врска со неуспешниот трилатерален самит кој во петокот се одржа во Иран.

САД, кои го предводат Советот за безбедност во септември, во понеделникот го потврдија одржувањето на седницата, која ќе биде јавна.

Провинцијата Идлиб во северозападниот дел на Сирија, која е последно големо упориште на бунтовниците, последниов период е цел на артилериско гранатирање од режимот на Башар ал-Асад, како и воздушни напади координирани од Москва.

Повеќе од 30.000 луѓе се раселени поради бомбардирањата на сириската и руската армија, објавија ОН во понеделникот.

Во овие спорадични напади, според Сириската опсерваторија за човекови права, загинале и цивили.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари