logo
logo
logo

Сопственикот на изгорената фабрика во Турција се обидува да избега- шест лица загинаа, меѓу кои и деца (ВИДЕО)

Vecer | 08.11.2025

Сопственикот на изгорената фабрика во Турција се обидува да избега- шест лица загинаа, меѓу кои и деца (ВИДЕО)

Пожарот избувнал од непозната причина во фабриката за парфеми во населбата „Мимар Синан“ во 9 часот наутро и брзо се проширил на покривот на соседната зграда.

Гувернерот на покраината, Илхами Акташ, изјавил дека пожарот е целосно изгаснат со ефикасна интервенција на пожарникарите, додека турскиот министер за внатрешни работи, Али Јерликаја, потврдил дека во пожарот загинале шест лица, а четворица се повредени, од кои едно потешко.

Обвинителството веднаш започнало истрага за причините за пожарот, а турските медиуми пишуваат дека сопственикот се обидел да избега по трагедијата.

Според медиумските извештаи, сопственикот, К. О., бил приведен, а во багажникот на неговиот автомобил биле пронајдени куфери полни со лични работи. Се верува дека се обидувал да избега од Турција.

Во тек е потрагата по неговиот син И. О., кој не е достапен за властите откако избувна пожарот. Ги исклучил мобилните телефони и никој не знае каде е.

На местото на трагедијата се снимени шокантни сцени. Роднините на жртвите во еден момент создале хаос пред фабриката, а потоа следела тепачка со полицијата. Што му претходело на судирот засега не е познато. Некои медиуми објавуваат дека повеќето од жртвите биле жени, а наводно во пожарот загинало и 15-годишно девојче.

Очевидци велат дека сцените биле шокантни и дека околу 9 часот наутро имало силни експлозии. Тие истакнуваат дека и претходно имало поплаки за условите во фабриката и дека слушнале дека внатре немало ниту апарат за гаснење пожар.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk