logo
logo
logo

Сопругата на Ел Чапо: КРИВА СУМ

Vecer | 10.06.2021

Сопругата на Ел Чапо: КРИВА СУМ

Сопругата на мексиканскиот „наркобос“ Хоакин „Ел Чапо“ Гузман, Ема Коронел Аиспуро, денеска се изјасни за виновна за помошта што му ја пружала на сопругот.

Таа се појави на сослушувањето пред американскиот окружен судија Рудолф Контрерас во федералниот суд во Вашингтон, каде се изјасни за виновна по три точки - заговор за дистрибуција на нелегална дрога, заговор за перење пари и заговор за помош на нарко картелот Синалоа, објави Ројтерс.

Како дел од договорот за признавање на вина, таа исто така призна дека учествувала во заговор кој имал за цел да му помогне на нејзиниот сопруг да избега од мексиканскиот затвор во 2015 година.

На Коронел и се заканува доживотна казна затвор само за дистрибуција на дрога, додека за другите две обвиненија се предвидени максимални затворски казни од 20, односно 10 години.

Ел Чапо издржува доживотна казна затвор во САД.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk