logo
logo
logo

Солзавец и запалени факели на насилните протести во Брисел (ВИДЕО)

Vecer | 23.01.2022

Солзавец и запалени факели на насилните протести во Брисел (ВИДЕО)

Илјадници луѓе се собраа утрово во 11 часот и тргнаа на „прошетка за слобода“. Според првичните проценки на полицијата, на улиците имало десетици илјади луѓе, додека организаторите велат дека има повеќе од сто илјади.

Демонстрантите кои маршираат низ улиците на Брисел тврдат дека „ја бранат демократијата, човековите и уставните права“. Ова е петти протест против мерките во последните два месеци, а претходните четири ги одбележаа насилство и судири со полицијата.

Демонстрантите, собрани во поголем број отколку на претходните собири, носеа натписи против премиерот Александар Де Кро и потврдите за ковид, пренесува Франс прес.

Демонстрантите почнаа да фрлаат факели, а полицијата одговори со солзавец.

На улиците, меѓу другото, беа забележани и знамињата на Холандија, Полска и Романија.

„Она што се случува од 2020 година им ги отвори очите на луѓето“, рече Франческа Фанара, жителка на северниот француски град Лил. Португалецот Адолфо Барбоса зборувал за „здравствената криза“, додавајќи дека „неговото срце е полно поради бројот на пристигнати луѓе“.

Овој протест доаѓа во време кога владите размислуваат за ублажување на рестриктивните мерки, и покрај фактот што ширењето на омикрон не опаѓа. Таа варијанта сега е доминантна низ Европската унија, објави во петокот Европската агенција за лекови.

Белгија имаше скок на дневниот број на заразени минатата недела, со повеќе од 60.000 случаи на ден. Властите зборуваат за „цунами“ на заразени, но здравствениот систем е под помал притисок отколку во претходните бранови на инфекцијата поради поблагите симптоми на инфекцијата со омикрон.

Затоа, белгискиот премиер во петокот најави дека рестораните и кафулињата би можеле да го продолжат работното време. Ноќните клубови остануваат затворени. Француската влада во четвртокот објави дека ќе укине некои од мерките во февруари - носењето маски на отворено и работата од дома ќе престане да биде задолжително, ноќните клубови би можеле да продолжат и концертите со места за стоење ќе се вратат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk