logo
logo
logo

Со црвени рози и факели, Германија се простува од Ангела Меркел (ВИДЕО)

Vecer | 02.12.2021

Со црвени рози и факели, Германија се простува од Ангела Меркел (ВИДЕО)

До изборот на нејзиниот наследник (најверојатно следната недела) Меркел и понатаму е „техничка канцеларка“, но денеска Германија со воени почести се збогува со шефот на владата.

Вечерва во Берлин се одржа „Големата вечер“ (Großer Zapfenstreich), што е најголемата воена церемонија во Сојузна Република Германија - со факели, војници во свечени униформи, офицери и кореографија испланирани до последен детаљ.

„Големата вечер“ е посебна затоа што воениот оркестар на Бундесверот свири некои песни за време на таа церемонија, кои ги избираат оние луѓе од кои се збогува. Музичките желби на Ангела Меркел се познати веќе подолго време, а веќе извесно време предизвикуваат одредени реакции кај германските граѓани - главно одобрување и тивка насмевка. Зошто?

Покрај вселенската црковна песна „Те славиме, Боже, те славиме“ (Großer Gott, wir loben dich), канцеларката во заминување посакала да ја слушне песната на Хилдегард Кнеф „Нека ми паднат дождови од црвени рози“ (Für mich soll's rote Rosen regnen).

Веќе во првата строфа од таа песна се вели:

„На 16 години тивко реков, сакам, сакам се` или ништо.“

Навистина, Ангела Меркел постигна толку многу: 16 години таа беше најмоќната жена во Германија, првата жена што служеше како канцелар, жена која беше препознаена и почитувана низ целиот свет. А еве ги последните строфи од песната:

„Немам доволно, сепак сакам да победувам, сакам се или ништо.„

Ангела Меркел заминува во пензија на 67 години, но судејќи по тие стихови сигурно има некои нови желби и соништа кои сака да ги исполни.

И втората песна што ја одбра Ангела Меркел кажува многу за неа. Тоа е стар хит на ГДР што го пее Нина Хаген: „Го заборавивте филмот во боја“ (Du hast den Farbfilm vergessen). Нина Хаген сè уште беше позната во Источна Германија како дрска поп-пејачка, а откако замина во Западна Германија стана икона на панкот.

И Ангела Меркел потекнува од поранешната ГДР, од Темплин, мал град во покраината Бранденбург. Таа пораснала со песната на Нина Хаген, која е објавена во 1974 година. Текстот на песната, наводно, сè уште го памети секој човек од Источна Германија. Особено интересен е следниот стих од таа песна:

Инаку, пред 30 години, тогаш како министерка за жени и млади, Меркел се запознала со Нина Хаген во една ТВ емисија. За време на дискусијата за зависноста од дрога, Хаген тогаш во лице и рече на Ангела Меркел: „Уморна сум од твоите лаги и твоето лицемерие.“ Очигледно, Меркел во меѓувреме и` простила.

„Големата вечер“ е церемонија на која Германија традиционално се збогува со сојузните канцелари, сојузните претседатели и федералните министри и министрите за одбрана. Тоа е традиција чии корени датираат од 16 век. Во тоа време во касарната се знаело дека навечер луѓето се забавуваат, дури и се коцкаат. Затоа е воведен јасен и гласен сигнал кој го означува почетокот на ноќниот мир.


© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk