logo
logo
logo

„Со Путин ТРЕБА ДА СЕ РАЗГОВАРА, А НЕ ДА СЕ ГРАДИ ЅИД зад кој не знаеме што се случува“

Vecer | 23.03.2023

„Со Путин ТРЕБА ДА СЕ РАЗГОВАРА, А НЕ ДА СЕ ГРАДИ ЅИД зад кој не знаеме што се случува“

Претседателот на Чешката Република Петр Павел во разговор за германските медиуми предупреди дека, иако е распишана потерница против претседателот на Русија Владимир Путин, неопходна е некаква комуникација и дека е подобро германскиот канцелар Олаф Шолц да разговара со него отколку да изгради „ѕид“, зад кој не се знае што се случува.

„Комуникацијата е неопходна до одреден степен. Тоа е подобро отколку да се гради ѕид и само да се замислува што се случува зад него“, вели чешкиот претседател во интервјуто што денеска го објави германскиот весник „Зидојче цајтунг“.

Павел смета дека е логично Германија и Франција да се обидат да ја решат војната во Украина дипломатски и дека нивната помош за Киев пристигнала бавно бидејќи, како што истакна, колку некој е подалеку од Русија, толку помалку ја сфаќаат опасноста.

„Исто како и другите, сакам победа на Украина, за да се ослободат сите окупирани региони, Русија да плати репарации и воените злосторници да бидат изведени пред лицето на правдата. Но, треба да го поставиме прашањето дали е тоа реално? Ако не, тогаш од она што секогаш ќе претставува компромис произлегуваат сценарија“, рече Павел.

Тој рече дека како би изгледал компромисот ќе се знае само кога ниту една страна нема сила да успее воено. Кога станува збор за безбедносните гаранции за Киев, тој предупреди дека онаа што е најсилна од гледна точка на Украинците, влезот во НАТО, воопшто не е возможна додека трае војната, а на западот ќе им биде тешко на сојузниците да се договорат и подоцна.

Според чешкиот претседател, кој е генерал во пензија и поранешен шеф на Воениот комитет на НАТО, влезот на Украина во алијансата нема лесно да се прифати дури и кога војната ќе заврши, бидејќи членките на НАТО може да ја гледа Украина како товар, а тој посочи дека правилниот пат за Киев е брзо приближување кон Европската унија.

„Оваа година ќе биде одлучувачка за развојот на војната. Една од причините е што следната година ќе има претседателски избори во САД, кога интересот на американските гласачи ќе се сврти кон внатрешно-политичките прашања, а во надворешната политика најголем простор и се дава на Кина“,  рече тој и повтори дека Украина за решавачка офанзива има „само една шанса и тоа оваа година“.

За успешна офанзива против Украина, според чешкиот претседател, Западот треба да помогне со испорака на тенкови, борбени возила, артилерија, опрема за противвоздушна одбрана и многу муниција.

„Ќе помогнат и борбените авиони МИГ-29 кои Полска и Словачка и ги даваат на Украина. Секој авион е важен. Ми недостига имагинација за тоа како можеме дополнително да помогнеме. Помошта во форма на западни авиони би бил логичен чекор, но само долгорочно“, рече чешкиот претседател.

Според неговата проценка, Прага помогнала колку што можела, а сега можела да и помогне на украинската противвоздушна одбрана и испорака на муниција, но, како што рече, проблем може да биде производството на муниција во Чешка поради недостигот на работна сила „Работниците тешко се наоѓаат. Има можности, да речеме да дојдат работници од Украина“, рекол Павел во интервју за германски весник.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk