logo
logo
logo

СО ЈАЈЦА ПО МАКРОН - Францускиот претседател доживеа нова незгода (ВИДЕО)

Vecer | 27.09.2021

СО ЈАЈЦА ПО МАКРОН - Францускиот претседател доживеа нова незгода (ВИДЕО)

Францускиот претседател Емануел Макрон, утрово доживеа нова непријатност откако беше погоден со јајце, објавија странските медиуми.

Инцидентот се случил во Лион, откако францускиот претседател одржал говор.

На видеото се гледа како Макрон се пробива низ толпата, кога некој од толпата фрла јајце кон него.

Јајцето го удрило по рамото, пред да падне на подот, додека припадниците на обезбедувањето се обиделе да го заштитат, пренесува Индипендент.

Лион Маг објави дека безбедносната служба го уапсила „момчето“ откако фрлил јајце и извикал „Да живее револуцијата“.

Ова е втор напад врз Макрон во последните три месеци. Еден човек му удри шлаканица за време на негова официјална посета. Инцидентот се случи на југоистокот на Франција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk