Снимките докажаа: Израел бомбардира и бара голема војна

Операторот на комерцијалниот сателит "Imagesat International", објавил фотографија која, според податоците на компанијата, покажува резултати од воздушниот напад на военото воздухопловство на Израел, на сириски објекти во текот на кои по грешка бил соборен рускиот авион "Il-20".

На сателитските фотографии, датирани на 18. септември, се гледа целосно уништување на зграда со димензии 155x35 - и помали објекти кои ја окружувале без видливи оштетувања.

"Складиштето за муниција кое било нападнато пред два дена во Латакија било уништено во целост", се наведува во објаснувањето на фотографиите кои израелската компанија ги објавила на Твитер.

Израелската војска тврди дека објектот кој е нападнат во понеделникот во Латакија им припаѓа на Вооружените сили на Сирија. Според таа верзија, таму се чува "опрема за производство на високопрецизно вооружување кое Иран го подготвил за префрлање на движењето Хезболах во Либан".

Министерството за одбрана на Русија соопштило дека на 17. септември во 23.00 часот по московско време, била изгубена врската со рускиот авион "Il-20", кој се враќал во авио-базата во Хмеим. Авионот се наоѓал на 35 километри од брегот на Средоземното море.

Во исто време, како што соопштило Министерството, четири израелски ловци F-16 нападнале сириски објекти во Латакија. Според податоците на Министерството за одбрана на Русија, прикривајќи се со рускиот авион, израелските пилоти го изложиле на нападот на ПВО на Сирија.

"Il-20" бил соборен со ракета од комплексот S-200. Загинале 15 руски војници.

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху во телефонски разговор со претседателот на Русија, Владимир Путин, изразил подготвеност на Русија да и ги предаде сите информации неопходни за истрагата за падот на авионот "Il-20" и предложил во Москва да замине командантот на воената авијација.

Поврзани

Најнови вести

Коментари