Снимка која буди страв - Ураганот е на брегот на САД, водата почна да продира во првите куќи (ВИДЕО)

Ураганот "Флоренс" се приближи до брегот на САД, а силните ветришта почнаа да ги носат првите бранови што веќе продреа во првите куќи во Авон, град во Северна Каролина, објави "Си-Ен-Ен".

Околу 12.000 објекти, најмногу на брегот на Северна Каролина, вечерва беа оставени без електрична енергија, поради силните ветришта предизвикани од ураганот.

Повеќето домови и бизниси без електрична енергија се наоѓаат во областа на Картенет и Кривон, северно од проектираните патеки на окото на ураганот и во кои се очекуваат големи врнежи, се вели во извештајот на АП.

Поврзани

Најнови вести

Коментари