logo
logo
logo

Службеници од јапонско министерство добија казни за скандалот со скапи вечери

Vecer | 04.06.2021

Службеници од јапонско министерство добија казни за скандалот со скапи вечери


Јапонското Министерство за телекомуникации казни 32 службеници за кршење на етичкиот кодекс, бидејќи компаниите што ги надгледувале им плаќале скапи оброци.

Скандалот избувна во февруари, по извештајот дека извршителите на сателитскиот радиодифузер „Тохокушинша филм“, меѓу кој бил и синот на премиерот Јошихиде Суга, Сеиго, ги третирале службените лица на министерството со скапи вечери, потсетува агенцијата Кјодо.

Сличен случај се случи подоцна, со телеком-гигантот НТТ.

Независно тело во Министерството, во март започна внатрешна истрага дали забавата на службениците од Министерството за телекомуникации влијае врз издавањето на радиодифузни дозволи.

Од 32 службени лица, против девет се поведени дисциплински мерки, вклучително и петмина службеници на кои им се одбиени плати, а на останатите 23 им е изречена опомена, вклучувајќи го и заменик министерот Буичир Курода.

Министерот за внатрешни работи и комуникации Рјота Такеда доброволно се откажа од тримесечната плата и се извини на прес-конференција за „предавството на јавната доверба во владата“.

„Тохокушинша филм“ исто така спроведе своја истрага и потврди 54 случаи на службени лица однесени на скапи вечери помеѓу ноември 2015 година и декември 2020 година, а Сеиго Суга бил на 22.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk