logo
logo
logo

Словенија ја продолжи состојбата на пандемија за уште еден месец

Vecer | 11.03.2021

Словенија ја продолжи состојбата на пандемија за уште еден месец

Сегашната епидемиолошка состојба во Словенија не дозволува олеснување на мерките, а административната состојба на пандемијата, која истекува на 18 март според сегашната уредба, се продолжува за уште еден месец, соопшти словенечката влада, додека земјата евидентира 860 нови случаи на зараза.

Сите антиепидемиски мерки остануваат во сила, вклучително и полицискиот час од 21 до 6 часот наутро, но се разгледува можноста тој да се скрати за 60 минути во наредните недели поради продолжување на дневната светлина, па затоа би почнал во десет часот навечер, потврди словенечката влада.

Основните и средните училишта работат во живо од минатата недела, сите продавници се отворени без ограничувања, но со мерки, а сервирање храна и пијалаци на отворено, односно работење на тераси и кафулиња е можно само во два статистички региона во југоисточниот дел на земјата.

Во последните 24 часа во Словенија се потврдени 860 нови случаи на зараза од 5.786 тестови за ПЦР, а четири лица починале, така што бројот на смртни случаи се зголеми на 3908. Има 10.486 активни случаи, а во болниците има уште 485 пациенти, од кои 92 се на одделенијата за интензивна нега.

Досега се вакцинирани нешто повеќе од 150.000 луѓе. Владата донесе одлука оние што ја преболеле короната да бидат вакцинирани само со една доза бидејќи поради развиените антитела, заразата ќе се смета како прва доза.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk