logo
logo
logo

Словенија ги олабавува мерките против Ковид-19

Vecer | 15.04.2021

Словенија ги олабавува мерките против Ковид-19

Во Словенија, во последните 24 часа се потврдени 891 лице зарзено со коронавирус, што е за 340 случаи помалку од претходниот ден, објави владата, а поради подобрувањето на епидемиолошката состојба, ќе се дозволат храна и пијалоци на отворено во повеќето делови од земјата.

Во моментов во болниците има 642 пациенти со Ковид-19, од кои 150 се на интензивна нега, објавија официјалните служби.

Уште седум лица починаа како резултат на Ковид-19, со што бројот на смртни случаи во оваа земја се зголеми на 4142 лица.

Кампањата за вакцинација продолжува успешно, па според последните податоци на министерството за здравство, досега се вакцинирани 351.020 лица или 16,7 проценти, од кои 126.764 со обете дози.

Благодарение на подобрената епидемиолошка состојба по 11-дневното затворање, кое заврши во неделата, словенечката влада дозволи отворање тераси на ресторани во 8 од 12-те статистички региони.

Одлуката ќе важи од следниот понеделник и ќе трае најмалку до 25 април. Угостителите ќе можат да сервираат храна и пијалоци од 7 до 19 часот, во согласност со хигиенските и антиепидемиските услови и оддалеченост од 1,5 метар меѓу гостите и растојание од три метри помеѓу масите на отворените простории на нивните простории.

Угостителите, кои беа практично затворени од почетокот на минатата есен, не се задоволни од тоа и тврдат дека продолжувањето на угостителството, секторот кој претрпе најголема штета во епидемијата, треба да биде дозволено во целост.

Повторното отворање градини и тераси за угостители носи дополнителен оптимизам, рече државниот секретар во министерството за економија Симон Зајц, предупредувајќи ги угостителите дека од нив зависи колку ќе трае концесијата и ги повика строго да се придржуваат до пропишаните услови за работа.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk