logo
logo
logo

Слободен ден и ваучер од 50 евра за вакцинираните во Црна Гора

Vecer | 02.07.2021

Слободен ден и ваучер од 50 евра за вакцинираните во Црна Гора

Во Црна Гора сите пензионери кои ќе се вакцинираат против коронавирус во јули, ќе добијат ваучер за туризам од 50 евра.

Министерството за здравство, исто така, информира дека вработените во државните институции ќе добијат слободен ден по вакцинирањето.

Сите граѓани на Црна Гора, пак, кои биле вакцинирани со вакцината на „Синофарм“ или „Спутник в“, заради патување во странство, а доколку одредена земја го бара тоа, ќе добијат бесплатно тестирање во Институтот за јавно здравје.

Со новите епидемиолошки мерки во Црна Гора, кои ќе важат до 16 јули, се зголемува бројот на посетители на спортски настани, од 10 на 30 проценти од капацитетот.

Исто така, продолжен е терминот за изведување музика во живо во градините и на терасите во рестораните. Наместо од 20 до 23 часот, музика во живо на отворено ќе може да се изведува од 20 часот до полноќ.

Новите мерки, исто така, го проширија списокот на земји чии граѓани можат да влезат во Црна Гора без тест или доказ за вакцинација против коронавирус, па од утре граѓаните на САД и Канада можат слободно да влезат во таа земја, пренесуваат црногорските медиуми.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk