После четири месеци на 12 април во Велика Британија беше означен крајот на анти-епидемиската состојба на затворена земја.

Отворени се сите продавници, маркети, фризерски и козметички салони, спортски сали, тераси на пабови и забави на отворено.

Првата ноќ на слободата се одвиваше според вообичаената практика во Англија, улиците беа полни со млади луѓе, а на терасите на пабовите се бараше место повеќе.

Одлуката за повторно отворање на сè е дел од втората фаза од планот на владата за повторно отворање на економијата, што премиерот Борис Џонсон ја претстави на крајот на февруари.

Вчера спортските сали во Англија пријавија зголемување на побарувачката за часови за вежбање, а фризерските и козметичките салони имаа голем број на закажувања.

По четири месеци, луѓето можат повторно да одат во тематски паркови, зоолошки градини и други форми на забава на отворено. Повторното отворање на трговски центри и модни продавници создаде многу гужва.

Според податоците на аналитичките тела, заклучно со вчера во 10 часот на сите малопродажни дестинации во Велика Британија, бројот на клиенти е зголемен за 220 проценти во споредба со пред една недела, а 500 проценти е поголем од лани.

„Луѓето треба да уживаат во нови слободи“

Планот за отворање на владата започна на 8-ми март со рестартирање на училиштата и дозволување на шест лица од две различни домаќинства на отворено да се дружат.

Поздравувајќи го отворањето, Борис Џонсон рече дека луѓето треба да уживаат во новите слободи.

„Сигурен сум дека тоа ќе биде големо олеснување за оние сопственици на деловни активности кои беа затворени толку долго, и за сите други е можност да се вратат на некои од работите што ги сакаме и ги пропуштивме.

Во исто време, тој предупреди на ризиците од ширење на КОВИД-19.

„Апелирам до сите да продолжат да постапуваат одговорно додека ја продолжуваме нашата програма за вакцинација“, рече премиерот.

Од почетокот на пандемијата во Велика Британија, пријавени се повеќе од четири милиони случаи и 127 000 смртни случаи поврзани со ковид 19.

Со успешна програма за масовно тестирање и вакцинирање, земјата успеа да излезе од спиралата на лоши владини одлуки што доминираа на првиот бран на пандемијата во март минатата година.

Половина од популацијата сега има антитела, а повеќе од седум милиони луѓе ја примија втората доза на вакцината.

Земјата исто така бележеше 50.000 нови инфекции на ден во средината на јануари, а среде вториот бран, на 20 јануари, имаше 1.820 смртни случаи.

Вчера е забележан најмал дневен број на смртни случаи (седум) по скоро седум месеци, додека во неделата имаше 1.730 новозаболени.

Шкотска, Велс и Северна Ирска се приклучија на Англија во понеделникот со олеснување на некои правила.

Шкотска влезе во четвртото ниво на ограничувања, што ќе овозможи отворање продавници и црковни храмови. Фризери и бербери може да се отворат по договор.

Велс ги укина ограничувањата за патување во Велика Британија, а училиштата и факултетите повторно ги отворија вратите.