logo
logo
logo

Слета на Месечина, но никогаш не зачекори: Почина Мајкл Колинс еден од пилотите на мисијата „Аполо 11“

Vecer | 28.04.2021

Слета на Месечина, но никогаш не зачекори: Почина Мајкл Колинс еден од пилотите на мисијата „Аполо 11“

Мајкл Колинс, астронаут на НАСА и пилот на командниот модул на Аполо 11, почина на 90-годишна возраст после долга борба со канцер.

„Тој ги мина последните денови мирно, во неговата фамилија. Секогаш се соочуваше со предизвиците со гранциозносто, и така живееше до крајот. Ќе ни недостасува“, се вели во соопштението од фамилијата.

Аполо 11 беше првата вселенска мисија што во 1969 година испрати луѓе на Месечината.

Колинс беше дел од тричлениот персонал кој го изведе историскиот потег, но за разлика од Нир Армстронг и Баз Олдрин, никогаш не зачекори на Месечината. Тој имал задача да управува со команден модул кој кружел 60 милји над неговите пријатели и кога се вратиле покажало различно и единствено искуство од мисијата.

„Најмногу го паметам погледот на планетата Земја од голема далечина. Малечка. Многу одлично. Плава и бела. Убава. Спокојна и кревка“, рече тој подоцна.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=E4mnpHvK8yM&feature=emb_title[/embed]

Летот бил дел од Вселенската трка во Студената војна против Советскиот Сојуз, завршувајќи го планот на Џон Кенеди во 1961 година да слета човек на Месечината, и да се врати безбедно на Земјата. Тоа се случи успешно осум години подоцна.

При посета на Југославија со членовите на експедицијата во октомври 1969 година, тој бил одликуван со Орден југословенска ѕвезда со лента.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk