logo
logo
logo

Скандал во Индонезија: Испрани и повторно користени брисеви за тест на Корона!

Vecer | 05.05.2021

Скандал во Индонезија: Испрани и повторно користени брисеви за тест на Корона!

Повеќе вработени во фармацевтска компанија се уапсени во Индонезија за наводно перење и препродажба на користени стапчиња за брис за тестирање на Корона.

Околу 9000 патници на аеродромот Медан можеби биле тестирани со повторно употребени брисеви соопшти полицијата.

Државната компанија Кимија Фарма сега се соочува со потенцијална тужба поднесена во име на патниците, пишува Би-Би-Си.

Полицијата верува дека измамата трае од минатиот декември на аеродромот Куаланаму во Медан, во северна Суматра.

Патниците мора да имаат негативен тест за корона пред летот, а аеродромот им нуди тестирање на лице место. Аеродромските власти користеа комплети за брзи тестови испорачани од Кимија Фарма.

По поплаките од патниците дека добиле лажни позитивни резултати од тестот, минатата недела полицијата испрати прикриен полицаец да се претстави како патник, објавија локалните медиуми.

По извршената контрола од страна на полицијата откриени се  рециклираните тестови.

Откако му зеле брис на прикриениот полицаец и го известиле дека тестот е позитивен, останатите полицајци упаднале и го претресоа местото за тестирање. Тие пронајдоа користен комплет за тестирање.

Минатата недела беа уапсени петмина вработени во „Кимија фарм“, вклучувајќи го и директорот на компанијата, Медан.

Локалните медиуми велат дека властите разговарале со 23 сведоци и испитуваат дали приходите од измамата, проценета на околу 1,8 милијарди рупии (124.800 американски долари), биле искористени за изградба на раскошна куќа за еден од осомничените.

Кимија Фарма, со седиште во главниот град на Џакарта го отпушти вклучениот персонал и вети дека ќе ги засили внатрешните контроли.

Двајцата адвокати, кои во последните месеци често летаа на аеродромот Куаланам, објавија дека планираат да ја тужат фирмата Кимија, пренесува South China Morning Post.

Во колективната тужба тие се надеваат дека ќе добијат милијарда рупии за секој патник кој се тестирал со рециклирани брзи тестови.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk