logo
logo
logo

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО

СКАНДАЛ НА УЛИЦА: Се шегувале, па жена завршила со КУРШУМ во глава!

Vecer | 25.05.2021

СКАНДАЛ НА УЛИЦА: Се шегувале, па жена завршила со КУРШУМ во глава!

Маж во Москва е снимен како после пријателски разговор со две жени, на едната и пука во главата. Денис Јегоров (42) и вперил пиштол во глава на неидентификувана жена и ја застрелал, оставајќи и крвава рана на челото. Во видеото се гледа дека повредената жена е во шок, а другата стои запрепастено до неа.

Ранетата жена  била префрлена во болница. Лекарите велат дека коската и останала нечепната, но ткивото и било многу оштетено и дека опоравувањето ќе трае долго.

Истрагата за случајот е во тек, а локалните медиуми пренесуваат дека Јегоров користел стартлинг пиштол. Иако овие пиштоли користат ќорци, можат да нанесат сериозни повреди, особено ако се пука од блиски, како то било во случајов.

Мотивот не е познат, иако се чини дека се работи за шега зашто се гледа дека жената се смее кога тој и го става пиштолот на чело.

Интересно е дека двете всушност дошле да се договорат со Јегоров за приватни часови, зашто тој е тренер по лизгање. Клиентите го знаат како пристоен, одговорен и точен, но колегите велат дека често знаел да биде агресивен.

 

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=kacutYSZpLs&t=38s[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk