logo
logo
logo

Сите вработени во Њујорк мора да бидат вакцинирани до 27 декември

Vecer | 06.12.2021

Сите вработени во Њујорк мора да бидат вакцинирани до 27 декември

Вработените во јавниот сектор веќе мора да бидат вакцинирани, но оваа одлука ќе ја прошири и на приватниот сектор, изјави Де Блазио за MSNBC.

Одлуката стапува на сила на 27 декември, додаде тој.

„Ние во Њујорк одлучивме да извршиме превентивен удар“, рече Де Блазио, кој ја напушта својата канцеларија кон крајот на декември.

„Го имаме омикрон како нов фактор, имаме постудено време што ќе создаде нови предизвици со варијантата делта, имаме празнични собири“, објаснил тој, додавајќи дека единствениот излез од таа ситуација е „обврската за вакцинација“.

Тој нагласи дека Њујорк ќе биде првиот американски град кој ќе воведе обврски за вакцинација за работниците и од приватниот сектор.

Задолжителните вакцини за вработените во јавниот сектор кои стапија на сила оваа есен предизвикаа отпор, а дел од вработените ги напуштија своите работни места.

Сепак, стапката на вакцинација се зголемила по таа одлука.

Досега во Њујорк се потврдени десет случаи на варијантата омикрон, а Де Блазио рече дека треба да се претпостави дека веќе има ширење на таа варијанта во заедницата.

Тој ги повика другите да го следат неговиот пример.

„Тоа би бил мој совет до градоначалниците, гувернерите, директорите низ целата земја - воведете обврска за вакцинација. Колку е поуниверзална, толку е поголема веројатноста работниците да кажат „Во ред, време е да го направиме тоа“, бидејќи не можете да скокнете од од една до друга индустрија или од една до друга компанија. Тоа е нешто што треба да биде универзално за да не заштити сите.“

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk