logo
logo
logo

СИТЕ ГО ИМАЛЕ БРОЈОТ НА ПРЕМИЕРОТ, ама не знаеле

Vecer | 30.04.2021

СИТЕ ГО ИМАЛЕ БРОЈОТ НА ПРЕМИЕРОТ, ама не знаеле

Мобилниот број на британскиот премиер Борис Џонсон е достапен на Интернет во последните 15 години, објави Sky News.

Бројот, како што пишува медиумот, е наведен на крај на веста објавена во времето кога тој беше министер за високо образование во владата во сенка во 2006 година.

Документот, кој ги инофмира новинарите дека можат да го контактираат на бројот на кабинетот или неговиот мобилен телефон, годинава сè уште беше достапен на Интернет, а „Sky news“ успеа да потврди дека тој број навистина му припаѓа на премиерот.

Даунинг стрит одби да коментира.

Веста доаѓа само неколку дена по извештаите дека високи функционери го советувале премиерот да го смени телефонскиот број, поради безбедносни проблеми и бројот на луѓе кои можат директно да го контактираат.

Исто така, имаше критики за неговата размена на пораки со бизнисменот Сер Џејмс Дајсон и саудискиот престолонаследник принцот Мохамед бин Салман, кои протекоа во јавноста.

Исто така, Дејли телеграф претходно објави дека Симон Кејс, шефот на државната служба, рекол дека премиерот треба да ги смени телефонските броеви затоа што тие се „премногу широко познати“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk