logo
logo
logo

Синот на поранешниот диктатор на Филипини, стана нов претседател

Vecer | 30.06.2022

Синот на поранешниот диктатор на Филипини, стана нов претседател

Маркос Џуниор, син на истоимениот диктатор, положи заклетва пред стотици локални и странски функционери, новинари и симпатизери во Националниот музеј во главниот град Манила.

Фердинанд „Бонгбонг“ Маркос Џуниор победи во првиот круг на претседателските избори во мај, најголемата победа откако неговиот татко беше соборен во 1986 година со народен бунт.

Маркос ќе го наследи исклучително популарниот Родриго Дутерте како претседател, кој стана познат во светот по неговата смртоносна војна против нарко мафијата и кој се закани дека ќе ги убие луѓето осомничени за трговија со дрога откако ќе ја напушти функцијата.

Повеќе од 15.000 полицајци, војници и персонал на крајбрежната стража биле распоредени низ главниот град на инаугурацијата. Пред неговата инаугурација, Дутерте го прими Маркос Џуниор во претседателската палата Малакананг, од која семејството Маркос побегна во егзил пред 36 години.

Дутерте носеше маска и кошула, карактеристично откопчана одозгора со засукани ракави, на состанокот со Маркос Џуниор, кого еднаш го опиша како слабак. Инаугурацијата се одржа неколку дена откако Врховниот суд ги отфрли последните обиди да се дисквалификува Маркос Џуниор од изборите и да се спречи да ја преземе функцијата.

Маркос Џуниор ја постави борбата против инфлацијата, зголемувањето на растот и производството на храна за свои приоритети во време кога растот на цените ѝ штети на економијата, веќе погодена од пандемијата на коронавирус.

Маркос Џуниор, кој изгледа повеќе деловно и учтиво од Дутерте, дојде на власт со помош на широко распространета кампања за дезинформации на социјалните мрежи. Групи негови симпатизери ги преплавија Филипините со лажни или измамнички откритија кои го прикажуваат неговото семејство во позитивно светло, игнорирајќи ја корупцијата и кршењето на човековите права за време на 20-годишното владеење на неговиот татко.

Сојузот со ќерката на Дутерте, Сара, која ја обезбеди позицијата на потпретседател со повеќе гласови од него, беше исклучително важен за успехот на Маркос Џуниор. Многумина очекуваат Маркос Џуниор да биде попредвидлив и помалку насилен од неговиот претходник Дутерте, но активистите и свештенството стравуваат дека тој би можел да ја искористи својата победа за да ја зацврсти својата моќ.

Маркос Џуниор, кој се огради од владеењето на неговиот татко, но не го критикуваше, минатиот месец вети дека секогаш ќе се стреми кон совршенство. За разлика од Дутерте, кој се оддалечи од САД и се приближи до Кина, Маркос Џуниор посочи дека ќе изгради порамномерен однос со двете сили и инсистираше на тоа дека ќе поддржи меѓународна пресуда против Пекинг за Јужното Кинеско Море богато со ресурси.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk