Синот на Гадафи побара поддршка од Путин

Синот на некогашниот либиски лидер, Муамер Гадафи, Сејф ел Ислам Гадафи ја повика Русија да го поддржи планот за разрешување на либиското прашање, извести „ТВ Ал Арабија“, пренесе руската новинска агенција „ТАСС“.

Телевизијата објавила извештај, повикувајќи се на наводите на Сејф ел Ислам, кој минатата недела ја посети Русија предводејќи делегација од Либија.

Агенцијата напоменува дека во моментов во Либија постојат две влади. Владата на Национално единство (ГНА) на чишето чело е Фајел ал Сарај, со седиште е во Триполи, а кабинетот на другата влада се наоѓа на истокот во земјата и ужива подддршка од Националната армија на Либија која ја предводи генерал маршал, Халиф Хафтар.

Двете земји досега не успеаа да постигнат политички договор за решавање на кризата, наведе агенцијата.

Синот на поранешниот либиски лидер, верува дека за надминување на кризата неопходен е дијалог за национално помирување што ги вклучува сите засегнати страни и транспарентни избори.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари