logo
logo
logo

Син на руски гувернер избега од домашен притвор во Италија

Vecer | 24.03.2023

Син на руски гувернер избега од домашен притвор во Италија

Артем Усс, син на гувернерот на регионот Краснојарск, избега од домашен притвор во Италија само еден ден откако судот се согласи да им го предаде на американските власти. Усс е обвинет за шверц на воена технологија, а беше уапсен на аеродромот Малпенса во Милано по меѓународна потерница во октомври минатата година, пишува Гардијан.

Италијанските власти веруваат дека Ус ја скршил електронската нараквица и потоа го напуштил својот дом во градот Касина Вионе ди Базиљо. Американските обвинители минатата година го обвинија Усс и четворица други руски државјани за испраќање воена технологија купена од американски производители до руски клиенти, при што дел од споменатата воена технологија заврши на бојното поле во Украина.

Истражителите тврдат дека обвинетите користеле германска компанија за испорака на технологијата. Ус е обвинет и за испорака на нафта од Венецуела во Русија и за банкарска измама. Апелациониот суд во Милано во соопштение во вторникот рече дека се согласил да го екстрадира Усс за шверц на нафта, а не за шверц на воена технологија, наведувајќи дека нема докази.

Неговиот адвокат можеше да поднесе жалба до највисокиот италијански суд за да се обиде да спречи неговиот клиент да биде екстрадиран во САД. Италијанските истражители стравуваат дека Усс веќе ја напуштил земјата. Кога италијанската полиција пристигнала во неговиот стан за да провери дали е дома, ја нашла вратата затворена и вклучен телевизор. Инспекторите не ја исклучуваат вмешаноста на руската разузнавачка служба во бегството на Усс.

За време на судењето, адвокатите на Усс сугерираа дека неговото апсење и екстрадиција ќе бидат насочени кон „размена на затвореници“. Тие тврдеа дека САД се заинтересирани да обезбедат од Москва ослободување на Пол Вилан, поранешен американски маринец кој беше осуден на 16 години затвор во Русија во 2020 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk