Силен земјотрес во Папуа Нова Гвинеја, бројот на загинати расте

Повеќе од 30 лица загинаа во земјотрес од магнитуда од 7,5 степени што синоќа ја погоди Папуа Нова Гвинеја.

Спасувачките екипи се обидуваат да стигнат до планинските области каде патиштата се затрупани, а телефонските линии не работат, јавија локалните медиуми утрово.

Епицентарот на земјотресот е регистриран на 90 километри југозападно од долината Поргер, во подрачје со повеќе села и еден рудник со злато.

Дневникот „Пост Куријер“, повикувајќи се на локалните власти соопштија дека загинале 13 лица во градот Меднија, а 18 во неговата околина. На веб страната на друг весник се наведува изјава на свештеник за најмалку 10 мртви, меѓу кои четири деца во одроните предизвикани од потресот. Според извештаите повредени се околу 300 лица.

Властите од провинцијата Хела, соопштија дека не работат телефоните, нема струја, а одроните ги пресекле патиштата. Владиниот тим за проценка денеска со помош на војници ќе замине во разорените области да го процени обемот на штета.

 

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари