Силен земјотрес погоди познато одморалиште во Турција

Силен земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтер ја погоди областа на турската провинција Анталија, а очевидците велат дека зградите се треселе.

Земјотресот се почувствувал во 6.20 часот наутро, околу 50 километри од крајбрежјето, во близина на Текирова, во провинцијата Анталија, соопшти Американскиот завод за геолошки истражувања (УСГС), објави „Дејли мејл”.

Веб-страницата на УСГС објави дека епицентарот бил во морето, на 66 километри југоисточно од Текирова, на длабочина од 58,8 километри.

Текирова се наоѓа на 47 километри од познатото турско одморалиште Анталија.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари