logo
logo
logo

Силен земјотрес ја стресе Панама

Vecer | 22.07.2021

Силен земјотрес ја стресе Панама

Земјотрес со интензитет од 6,9 степени според Рихтерова скала го погоди вчера северниот брег на Панама, во близина на границата со Костарика, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Според мерењата на американскиот геолошки институт, земјотресот бил со интензитет од 6,8 степени според Рихтеровата скала.

– Го почувствувавме земјотресот речиси низ целата земја, но нема штети на јавната инфраструктура или повредени лица, изјави Александар Солис,шеф на Комисијата за итни случаи на Костарика.

– Нашиот тим продолжува да ги следи областите погодени од земјотресот. Досега не е пријавена штета, напиша шефот на панамската цивилна заштита на Твитер.

По првиот потрес следеше уште еден силен земјотрес со јачина од 6,3 степени,објави ЕМСЦ.

Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета, ниту предупредување за опасност од цунами. Епицентарот на земјотресот се наоѓал 321 километар југоисточно од главниот град на Костарика, Сан Хозе, на длабочина од два километра.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk