Си-Ен-Ен го тужи Трамп

Американската телевизиска мрежа Си-Ен-Ен ја тужи администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп.

Си-Ен-Ен побара на нејзиниот новинар Џим Акоста повторно му биде овозможено да известува од Белата куќа.

Администрацијата на претседателот во минатата недела ја поништи пропусницата на новинарот по прес конференцијата на која Акоста одби да го предаде микрофонот кога Трамп рече дека не сака да чуе веќе ништо од него.

Тужбата денеска е предадена во судот во Вашингтон.

Си-Ен-Ен тврди дека одземањето на пропусницата го крши уставното право на слобода на истражување и бара итно прекинување на одлуката на Бела куќа.

Поврзани

Најнови вести

Коментари