logo
logo
logo

Си Џинпинг си замина од Москва: „Ширум светот започнуваат геополитички промени“

Vecer | 22.03.2023

Си Џинпинг си замина од Москва: „Ширум светот започнуваат геополитички промени“

-Сега се случуваат промени кои не се случиле 100 години. Кога сме заедно носиме промени. Чувај се, драг пријателе. , изјави Си Џинпинг, претседател на Кина.

Но, промените за кои потенцијалниот миротворец зборуваше на заминување со Путин, не го сменија текот на војната во Украина.  Речиси во исто време кога се качи на авион, пристигна веста дека Русија покренала бран напади врз повеќе украински градови. Со беспилотни летала, погодени биле два студентски дома близу Киев, каде според украински извори, загинале најмалку четворица.

Засилената руска офанзива се случува ден откако западните сојузници го отфрлија мировниот план на Си Џинпинг од 12 точки, кој се најде на маса и пред Путин, а кој кој пак го оцени за добра основа за договор. Вашингтон соопшти дека документот, кој предвидува само прекин на огнот и преговори, а не и повлекување на руските трупи, само ги легитимира окупираните руски територии.

-Се чини дела Западот навистина има намера да се бори против Русија до последниот Украинец, но не само со зборови туку и со дела. Во овој поглед, сакам да кажам дека доколку тоа се случи, Русија ќе одговори соодветно. , изјави Владимир Путин, претседател на Русија.

Украинскиот претседател Зеленски последните напади ги нарече ноќ на руски терор, а објави и видео снимка за која тврди дека руски проектил погодува станбена зграда во Запорожје. Денеска ги посети и украинските сили во близина на Бахмут.

-Чест ми е што денеска сум тука, на истокот на земјата, во Донбас за да ги одликувам нашите херои, да се ракувам и ви се заблагодарам. Ви благодарам што ја штитите земјата, суверенитетот и истокот на Украина , изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Руски извори соооштија дека денеска украински дронови ја нападнале нивната флота на анектираниот Крим, а експлозии се слушнале и во пристанишниот град Севастопол.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk